Opel Autostar

Opel Autostar низ годините

Ние веруваме во тимска работа за нашите визии да ги оствариме заедно со нашите партнери и клиенти.

Ноември, 2003

По бројните заеднички идеи на двајца блиски пријатели, се одлучува за отварање на специјализирана продавниза за продажба на авто делови за брендовите на возила на Опел и Шевролет. Нашата прва продавница беше само 20м2 (претставена во фотографијата), меѓутоа тоа не беше причина за неуспех. Нашата желба за работа и успех беше многу голема. Ние, се стремевме кон достигнување на поставената цел, а нашата цел беше да бидеме синоним и првата мисла кај клиентите кога се работи за Опел и Шевролет под мотото: „Потребите на вашето возило, нашата секојдневна рутина!“

Март, 2010

По проширувањето низ Република Македонија (како бренд кој опслужува и во други градови), развивањето на бизнисот како и зголемувањето на бројот на продуктите, следните два чекора беа многу значајни за нас Opel Autostar како бренд: 1. Трансферирање на нова локација – со поголем капацитет.
2. Воспоставување нови партнерства и додавање на продукти на нови брендови на возила како (Peugeot, Renault, Ford и Citroen).

Maj, 2018

Од постоењето на брендот Opel Autostar, во оваа година го изградуваме нашиот прв објект според високи стандарди, со над 1200м2 магацинска површина, но исто така, на нашиот нов објект одлучивме да се осврнеме на зголемување на грижата на купувачите и нивното опкружување (дизајниран корнер, каде секој купувач може во текот на купувањето да ужива во кафе, додека ги прелистува каталозите со продукти), канцеларии за состаноци, конференциска сала, кол центар.

Следува

Opel Autostar веќе после 4 години во новиот објект размислува за развивање со цел подобра услуга кон купувачите. Со новиот хангар/магацин идеата е да ги понудиме сите најдобри светски брендови на авто делови во Македонија и да го зголемиме нивото на услугата кон купувачите, секогаш нудејќи најквалитетни авто делови по најпривлечна цена, со најдобра и најбрза услуга.

autostar coming soon

Зошто да не изберете нас?

Повеќе од 20 години на пазарот, тоа значи долгогодишно искуство и знаење во
индустријата на резервни автоделови.

Тотално решение во однос на автоделови за најголемите автомобилски брендови како што се: Opel, Chevrolet, Citroen, Peugeot, Ford и Renault. Нудиме само висококвалитетни производи, по пристапна цена.

Нашата продажба ја опфаќа цела Северна Македонија и Косово. Релевантна компанија со 5.0 рејтинг од клиентите. Навремена испорака. Одлична грижа и услуга за клиентите.

Контактирајте не

+389 76 475 312